Македонската и австриската стопанска комора денеска организираа бизнис-форум посветен на инфраструктурните проекти што се реализираат во земјава со поддршка на европските финансиски институции и Светска банка. На форумот присуствуваа 28 македонски и 7 австриски градежни компании, специјализирани за инфраструктурни проекти во патниот и во железничкиот сообраќај. На компаниите им се презентираше новиот пакет на патишта што ќе се градат во периодот од 2015 до 2017 година и се со вредност од 250 милиони евра. Тука спаѓаат неколку регионални и магистрални патишта и рехабилитација на автопатски делници, проектот за концесија на автопатската делница Кичево - Гостивар, за изградба на дистрибутивната мрежа за гасификацијата и други, изјави Јанакиески.
Македонската и австриската стопанска комора денеска организираа бизнис-форум посветен на инфраструктурните проекти што се реализираат во земјава со поддршка на европските финансиски институции и Светска банка. На форумот присуствуваа 28 македонски и 7 австриски градежни компании, специјализирани за инфраструктурни проекти во патниот и во железничкиот сообраќај.
„На компаниите им се презентираше новиот пакет на патишта што ќе се градат во периодот од 2015 до 2017 година и се со вредност од 250 милиони евра. Тука спаѓаат неколку регионални и магистрални патишта и рехабилитација на автопатски делници, проектот за концесија на автопатската делница Кичево - Гостивар, за изградба на дистрибутивната мрежа за гасификацијата и други“, изјави Јанакиески.
Герхард Шлатл, трговско аташе во австриската амбасада во Скопје, истакна дека акцентот на форумот е токму на компаниите од градежништвото и инфраструктурата, бидејќи тие веруваат дека овој сектор е многу важен за развојот на економијата на Македонија.
„Тоа е посебно значајно во пресрет на претстојното финансирање преку фондовите ИПА 2, што значи дека големи средства од ЕУ ќе се влеат во земјата. Тоа е интересно за австриските фирми кои сакаат да соработуваат на ова поле“, изјави Шлатл.
Според Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија, растот од 4,4 проценти на трговската размена со Австрија во деветте месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, е добар показател дека продолжуваат активностите за поголема соработка и подобри резултати.
Според податоците на НБРМ, во 2011 година инвестициите од Австрија биле најголеми, околу 64 милиони долари, а според Централниот регистар, оваа земја е вториот најголем инвеститор во Македонија.